Payday loans uk

e-Society

Насловна
Одржана Осмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2012
Петок, 23 Ноември 2012 09:26

e-society-8-naslovna

Заврши осмата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Конференцијата се фокусираше на отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот.

 

На конференцијата учествуваа околу 250 учесници од земјата и од странство, при што првиот ден се регистрирале 231 учесник, додека вториот 172. Структурата на учесниците беше сочинета од претставници од образовниот сектор, како од основните и средните училишта, така и од високо-образовните и соодветните владини институции, граѓанскиот и деловниот сектор. Конференцијата траеше два работни дена, во рамките на кои се дискутираше на 8 различни теми во различни сесии, со најголем акцекнт на отворените образовни ресусри, достапните можности и потребните капацитети за нивниот развој, капацитетите за применување отворен пристап во високото образование во Македонија и во земјите од регионот, како и улогата на граѓанскиот и деловниот сектор во можностите за стекнување знаење преку неформално образование. Во текот на двата дена, свои излагања имаа вкупно 36 говорници од Македонија, Полска, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина и Америка, а после нивните презентации и говори се одвиваше интерактивна дискусија со публиката.

 

Презентациите може да ги видите тука . Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите од првиот и вториот ден поставени на Фејсбук и Фликр, видеоснимките (ден 1, ден 2), како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.