Payday loans uk

e-Society

Одржана Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2010
Четврток, 02 Декември 2010 15:03

e-society2010-wide

Заврши шестата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност“. Конференцијата се фокусираше на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

 

На конференцијата учествуваа околу 200 учесници од земјата и странство, претставници на релевантните владини тела, како и претставници на граѓанскиот и деловниот сектор. Излагања имаа 16 домашни и 3 странски претставници во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.

 

По сесиите следуваше тркалезна маса на тема „Мултисекторска соработка како клуч за успешно спроведување на е-влада“. По двочасовната дискусија на тркалезната маса која ја затвори директорот на фондацијата Метаморфозис, г. Бардил Јашари, конференцијата беше официјално завршена.

 

Повеќе информации, како и презентациите, заедно со видео излагањата на говорниците се достапни овде. Дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер. 

 

   стата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност“. Конференцијата се фокусираше на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

 

Излагања имаа 16 домашни и 3 странски претставници од невладиниот, владиниот и бизнис секторот во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија. Белешки за сесиите може да прочитате на IT.com.mk.

 

По сесиите следуваше тркалезна маса на тема „Повеќесекторската соработка - клучна за успешна имплементација на е-власта“. По двочасовната дискусија која ја затворија директорот на фондацијата Метаморфозис г. Бардил Јашари и Љупчо Фармакоски, државен советник во Министерството за информатичко општество, конференцијата беше официјално завршена.

 

Повеќе информации, како и презентациите, заедно со видео излагањата на говорниците ќе бидат објавени наскоро. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите http://www.flickr.com/photos/fmeta/ поставени на фликр, како и од пораките http://twitter.com/search?q=%23esociety10 кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.