Payday loans uk

e-Society

Одржана Седмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2011
Среда, 30 Ноември 2011 17:22

e-Society11Заврши седмата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“. Конференцијата обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и организации кои работат на развој на информатичко општество и неговото влијание врз животната средина, поконкретно на еколошките ИТ решенија и е-отпадот (отпад од електрични и електронски уреди).

 

На конференцијата учествуваа околу 200 учесници од земјата и странство, претставници на релевантните владини тела, како и претставници на граѓанскиот и деловниот сектор. Излагања имаа 12 домашни и 5 странски претставници во рамките на 4 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.

 

Вториот ден од конференцијата беа организирани две паралелни работилници на тема „Зелена канцеларија“ и „Креативна реупотреба на е-отпад“.

 

e-Society 2011На работилницата за „зелена“ канцеларија посетителите имаа можност да слушнат за тоа како може да ги оптимизираат секојдневните процеси во нивната бизнис околина со цел да имаат минимално влијание врз животната средина.

 

Од друга страна на работилницата за креативна реупотреба на е-отпад, учесниците имаа можност да креираат сами нови предмети од веќе нефункционални електронски уреди.

 

Повеќе информации, како и презентациите, на говорниците се објавени на официјалниот веб-сајт на конференцијата. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер