Payday loans uk

e-Society

Говорници

М-р Ирена Чаушевска

irena-causevskaМ-р Ирена Чаушевска е Генерален менаџер на Сивус едукативниот и развоен центар, професионалец со над 10 годишно работно искуство на топ-менаџерски позиции во областа на стратегиски менаџмент, менаџмент на промени, развој на бизнис, корпоративни комуникации. Дипломирала на Правниот Факултет Јустинијан I при Универзитетот “Св.Кирил и Методи” во Скопје, а магистрирала со почести на Универзитетот Шефилд (The University of Sheffield, UK) на одделот Маркетинг, aдвертајзинг и oдноси со јавност. Член е на престижната “Harvard Leadership network” за Југоисточна Европа - признание од Harvard University, Kennedy School of Government, US.
Нејзиното превземање на раководната позиција во Сивус едукативниот и развоен центар придонесе за креирање и пласирање на нови програми од областа на бизнис менаџмент и информатичка технологија со кои се овозможува континуирана доедукација и оспособување на клучните кадри во компаниите од Македонија и регионот за успешно да се справуваат со предизвиците на регионалните и глобалните пазари, а на младите професионалци кои се на завршни години од формалното образование да им даде квалитетна основа и конкретно знаење за полесно да се натпреваруваат на пазарот на труд.
Од оваа академска година Сивус едукативниот и развоен центар покрај актуелните две програми на Академијата за дизајн (Графички и Веб дизајн) воведе и нова програма за 3D моделирање, анимација и пост-продукција, а отвори и Академија за програмирање. М-р Чаушевска ја интензивираше и соработката со бизнис заедницата со што на сите студенти на центарот им се овозможи и практична работа и можност за вработување.

 

Ангелина Канчевска

Angelina-KancevskaАнгелина Канчевска работи како раководител на Колеџот за графички и веб дизајн во Семос Едукација. Магистрант е во полето на менаџмент и развој на интегриран систем за управување со податоци во центрите за неформално образование. Поседува Microsoft Office Specialist сертификати на ниво на Expert во користење на Microsoft Office апликациите и како тренер во Семос Едукација има реализирано повеќе од 100 компјутерски обуки за возрасни. Во последните 4 години одржува исклучиво обуки за користење на напредни техники и анализи во MS Excel. На катедрата Е-бизнис при Економскиот Факултет во Скопје е редовен Гостин предавач на тема „Дел од напредните анализи во MS Excel“ во 2009, 2010 и 2012 година. Во својата долгогодишна работна кариера има работено на повеќе проекти финансирани од страна на Европската агенција за реконструкција. Во периодот од март-мај 2012 год., работи на проектот „Инклузивен дизајн“ како координатор на прилагодената обука за графички дизајн, наменета за лица со оштетен слух и попреченост во говорот - ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“, а во организација на Британскиот Совет на Македонија.

 

Наташа Булеска

Natasa-BuleskaНаташа Булеска работи како специјалист за образование во УСАИД Македонија од 2004 год. откако УСАИД Македонија започна да работи на подобрување на квалитетот и релевантноста на образованието преку модернизација на наставните методи и воведување на информатичко-комуникациски технологии во наставата во 2003 год.
Наташа работела на осмислувањето и раководела со долгогодишните проекти на УСАИД Македонија на полето на користење на ИКТ во образованието: е-Школо (2003-2008), Македонија се поврзува (2004-2007) и првите две години од компонентата за ИКТ во Проектот за основно образование/ПЕП (2006-2012). Денес раководи со проектот на УСАИД за е-пристапни образование (2010-2014) и проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (2011-2015). Таа исто така го надгледуваше изготвувањето на Концептуална стратегија за користење на слободен софтвер и софтвер со отворен код во училиштата во Македонија во периодот меѓу април 2006 год. и февруари 2007 год., како и на Стратегијата за одржување и одржливост на компјутерите во училиштата во Македонија.
Наташа има завршено магистерски студии за менаџмент и деловна администрација (МБА) на Универзитетот Шефилд во Солун, отсек меѓународни финансии.

 

Соња Јовановска

sonja-jovanovskaСоња Јовановска има магистрирано на е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 - Пантеон Сорбона од Франција. Во моментот е директор за развој во Александрија едукативниот центар. Нејзиното 15 годишно искуство вклучува основање и раководење на Сивус едукативниот и развоен центар во улога на извршен директор две години. Претходно таа беше програмски менаџер при Програмата за развој на човечки и институционален развој, проект финансиран од УСАИД, одговорна за подобрување на работењето и градење на капацитети на јавни и приватни институции. На оваа позиција таа има раководено со портфолио од бројни повеќе-милионски проекти во различни индустрии и домен. Сите нејзини проекти имаат заедничка нишка, користењето на ИКТ за подобрување на бизнис ефикасноста во машинската индустрија, агрибизнисот, и употребата на ИКТ во образованието. Нејзиниот последен проект за подобрување на работењето е Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) каде раководеше со тим од домашни и странски експерти за подобрување на процесите и работењето на комората. Во фокус на нејзин интерес се бизнис стартапи, бизнис анализа, менаџмент на големи тимови, дизјанирање и имплементација на иницијативи за подобрување.

 

Енио Охри

enio-ohriЕнио Охри е студент на Економскиот факултет при Универзитетот во Тирана, а од 2008 година е волонтер на движењето Mjaft! (www.mjaft.org). Во септември, 2009 година, Енио започна да работи во проектот „Unevotoj“ (www.unevotoj.org). Во моментов, започнувајќи од септември 2012 година, тој е координатор на овој проект, организиран во рамките на движењето Mjaft!. Проектот се состои од обезбедување на правилната работа на албанскиот Парламент, преку надгледување на парламентарните седници и комисии. Мултимедијата исто така се вклукува во неговите полиња на интерес. Движењето Mjaft! исто така формираше радио станица наречена „Radiostacioni“ (www.radiostacioni.com), нова радио станица чија цел е да ја унапреди независната култура и независните идеи, како и да го провоцира развитокот на критичкото размисување кај новите уметници и новинари.

Со Енио можете да контактирате на неговите e-mail адреси: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Ирина Шумадиева

irina-sumadievaПроектен координатор во Фондацијата Метаморфозис. Таа е дипломиран новинар на Правниот Факултет во рамките на државниот универзитет св. Кирил и Методиј во Скопје. Има работно искуство како автор и уредник на телевизиски проекти и списанија од областа на компјутерската технологија. Од 2007 година држи предавања по предметот Информатика во новинарство на факултетот каде што дипломираше. Во Фондацијата Метаморфозис се занимава со одржување на обуки за компјутерска писменост и примена на софтверски алатки за мултимедијално изразување, подготовка на содржини за објавување во печатени медиуми, освежување на веб-сајтови и учество во реализација на проекти. Таа исто така работи во полето на заштита на децата на интернет како и на промоција на лиценците на Криејтив комонс во Македонија. Моментално е студент на постдипломски студии по комуникации.

 

Филип Стојановски

filip-stojanovskiПрограмски координатор во Фондацијата Метаморфозис. Има дипломирано информатика на Универзитетот Грејсленд од САД и магистрирано е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 - Пантеон Сорбона од Франција.
Од 1995 година е активен во македонското граѓанско општество преку волонтерски проекти за заштита на потрошувачите и за е-издаваштво, како и преку професионални ангажмани во својство на експерт за ИТ. Пишува на теми поврзани со информатичко општество за медиумите во Македонија.
Во рамките на Фондацијата Метаморфозис неговите задолженија опфаќаат координирање проекти, истражувања и анализи, како и односи со јавноста. Во 2005 година беше член на Работната група одговорна за Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ.

 

Бардил Јашари

Bardhyl_JashariБардил Јашари има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика - Вараждин (Хрватска). Во моментот е директор на фондацијата Метаморфозис и ги истражува можностите за развивање партнерства за зголемување на јавниот пристап до информатичката технологија во Македонија и регионот. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. На овие две позиции, тој има раководено со проекти за развој на информатичкото општество на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис секторот и невладиниот сектор. Бардил Јашари членува во Националниот совет за информатичко општество на Македонија.

 

Климе Бабунски

klime-babunskiКлиме Бабунски работи во Институт за социолошки и политичко правни истражувања. Главни полиња на професионален интерес му се: комуникациски политики и управување со медиуми, слобода на информирање и слободен пристап до информации, јавно мислење и односи со јавност.
Учествува и/или раководи бројни домашни и меѓународни научни истражувања фокусирани на повеќе области и теми, како: политичка култура, политичка, масмедиумска и меѓуетничка комуникација, транзиција и демократизација во општеството, корупција и неформални општествени структурирања, децентрализација и локална самоуправа, јакнење на граѓанското општество, и демократизација на медиумите и на политичката јавност.
Во 2002 година е соосновач на меѓународната мрежа на бранители на слободен пристап до информации и е еден од пионерите на слободен пристап до информации во Македонија.

 

Радмила Живановиќ

radmila-zivanovic

Радмила Живановиќ е комуниколог, со првенствен истражувачки фокус насочен кон употребата на ИКТ во образованието. Таа е дел од речиси сите невладини иницијативи и истражувања околу употребата на ИКТ во образованието помеѓу децата и младите во Македонија. Автор е на повеќе статии и истражувачки извештаи и присуствувала на разни домашни и меѓународни конференции, каде презентирала и зборувала за ова прашање. Од 2010 година, таа е ангажирана како асистент и академски истражувач. Во моментов работи во Балканскиот универзитет во Скопје, при Факултетот за комуникологија и е ангажирана во експертскиот тим на ООР иницијативата организирана и реализирана од  Метаморфозис, Скопје.

 

Игор Стаматовски

igor-stamatovskiИгор Стаматовски дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје 2005 година, на насоката КТИА. Уште од студентските денови го интригира работата со и работата на слободен софтвер првенствено ГНУ/Линукс.
Слободниот софтвер буди интерес според својата техничка супериорност над неслободниот и неортодоксниот начин на развој поттикнат од глобалната пристапност на интернет мрежата.
Примарен интерест имплементација и користење на слободен софтвер при развој на софтверски апликации.
Игор е експерт за отворени формати и слободени стандарди.
На Собранието на Слободен софтвер Македонија оддржано во Јануари 2009, Игор Стаматовски ја доби довербата на членовите на организацијата да ја врши функцијата потпретседател во наредните две години.
Со Игор можете да контактирате на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Дамјан Георгиевски

damjan-georgievskiДамјан Георгиевски е еден од пионерите на македонската заедница на корисници на слободен софтвер. Тој е еден од основачите на Слободен софтвер Македонија. Од основањето до јануари 2009 година, тој беше потпретседател на организацијата.
Дамјан е долгогодишен GNU/Linux хакер и е заслужен за првите продори на овој оперативен систем во Р. Македонија. Автор е на основните параметри кои го дефинираат јазикот на корисникот на компјутерот, земјата и специјалните преференции кои корисникот на компјутерот сака да ги гледа во корисничкиот интерфејс: точниот формат на датумот и времето, валутата на државата и сл. Тој исто така активно придонесува во локализирањето на слободен софтвер на македонски јазик особено преку локализирањето на водечкиот прелистувач за Интернет Mozilla Firefox и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird.
Дамјан често пишува за „пиратството“ и лиценците и одржува презентации и работилници за работа со GNU/Linux или технологии кои работат на него.
Со Дамјан можете да контактирате на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Љупчо Деспотовски

Љупчо е менаџер на првиот ИКТ стартап инкубатор во Македонија од самите почетоци, во текот на последните 5 години. Неговите главни интереси вклучуваат бизнис стартапи и нови технологии, како и менувањето на менталитетот на локалната младина кон самовработување и претприемништво. Постојано работи на држење во чекор со последните трендови на бизнис инкубацијата, новите технологии, одржувањето контакти и воспоставувањето на соработка со инкубатори и слични организации за поддршка на бизнисот од целиот свет. Како дел од YES инкубаторот, Љупчо е сосредоточен на развитокот на обуки насочени кон идните работни вештини – владеењето на вештините и способностите потребни за различни работни места и околини.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Сеад Џигал

sead-dzigalСеад Џигал е член и соосновач на „Центар за нови медиуми“ од Скопје, граѓанска организација за промоција и унапредување на употребата на новите медиуми за образовни и општествено полезни цели. Посебно е активен на полето на медиумска писменост и напорите таа да се подобри во Македонија. Во областа на отворени образовни ресурси е активно вклучен од 2009 година.

 

Jovica Tasevski

Jovica-Tasevski

Јовица Тасевски е македонски поет, есеист, литературен критичар и библиотекар. Работи во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како раководител на оддел. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Република Македонија. Публикувал шест збирки поезија и две книги со критика и есеи. Исто така уредувал две поетски антологии. Неговите дела биле издадени во повеќе магазини и весници.
Член е на уредничкиот одбор на литературниот магазин Стремеж, а исто така тој е советник на интернационалниот проект The Other Voices – антологија на светската поезија која е вклучена во Светскиот директориум на поезија на УНЕСКО. Носител е на наградата The Enchanting Poet Award за огромниот придонес кон поетскиот ракопис, издадена од The Enchanting Verses Literary Review.
Член е и на Здружението на писатели на Македонија (Скопје), Поетското општество во Лондон (The Poetry Society), како и на Светското поетско општество во Лариса (World Poet Society.
Работел како директор и главен и одговорен уредник во издавачката куќа Макавеј (2000 година) и како службеник во Одделот за меѓународна соработка на Министерството за култура на Република Македонија (2001 година).

 

Марјан Забрчанец

marjan-zabrcanecМарјан Забрчанец доаѓа од Младински образовен форум (МОФ), водечка младинска организација во Македонија чија мисија е да ги позиционира младите како релевантен општествен фактор кој ја унапредува внатрешната и надворешната интеграција на земјата. Во МОФ членува од неговото основање во 1999 година, а денес е извршен директор. Марјан е промотор на вредностите на отвореното општество и на дебатата како алатка која ја унапредува демократијата, а во своето портфолио носи повеќе од 100 реализирани, менаџирани и менторирани граѓански проекти, тренинзи, настани и коалиции. Негова специјалност се организацискиот менаџмент, комуникациите, односите со јавност и застапувањето на граѓанските организации. Исклучително ја почитува електронската музика и стои зад тимот кој го основаше првото интернет радио во Македонија, Радио МОФ. Активно учествува во менаџирање на иницијативата Република Млади и во процесот на основање Национален младински совет на Македонија.

 

Саша Поповиќ

sasa-popovic

Саша Поповиќ е роден во Ниш, 1978 година, каде се стекнал со средно образование и дипломирал на Факултетот за електронско инженерство. Во моментов работи како наставник по ИКТ во две основни училишта во Ниш. Саша исто така работи на проекти насочени кон употребата на информатичката технологија во образованието. Помеѓу студентите и професорите во Србија, Саша е познат како основач и директор на бесплатната онлајн академија ucislobodno.com. Во изминатите две години, академијата им помогнала на повеќе од 20.000 студенти во подготовката за завршниот испит по математика. Областите на експертиза на Саша опфаќаат видео обуки, како и продукција на содржини наменети за видео обуки. Користејќи ја својата техника за создавање на туториали за математика во фотошоп, тој ја освоил првата награда на конкурсот Deke во САД (Deke’s Challenge Contest), притоа стекнувајќи се со заслуги од повеќе дизајнери, креативни и контент директори на Adobe Systems и linda.com. Кога Саша не е пред компјутер, тој или се забавува со своите два сина, или е сериозно болен.

 

Јованка Гулицоска

jovanka1Јованка Гулицоска е студент на Факултетот за Електориника и Информациски Технологии во Скопје. Станува член на Слободен Софтвер Македонија во јануари 2012. Таа е дел од заедницата од почетокот на 2011 година и тогаш станува активен ГНУ/Линукс корисник и поборник за слободен софтвер.
Во периодот декември 2011 - март 2012 учествува на Gnome Women Outreach каде што работеше на Empathy (програм за комуникација), а оваа година како дел од Google Summer of Code работи на Boxes (алатка за виртуелизација и пристап до оддалечени системи), проект под GNOME.

Со Јованка може да контактирате на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

М-р. Миодраг Дадасовиќ

miodrag-dadasovicПрофесионален ангажман: Вработен во Националната и Универзитетска Библиотека “ Св. Климент Охридски “ – Скопје како библиотекар советник на позиција раководител на Рефералниот центар.
Образование: Филозофски факултет - Скопје, група Психологија, 1981 год., Магистер на библиотечни и информациски науки, 2009. год., Универзитет во Задар/Марибор.
Членство : Член на повеќе национални и интернационални организации, меѓу кои член на Advisory Board на EIFL, Национален координатор на Македонски е-Библиотеки, член на Извршниот одбор на Библиотекарското здружение на Македонија.
Авторство : Автор на повеќе десетини објавени трудови (книги, статии, прилози, промотивни материјали), презентер на трудови и презентации, предавач, автор на програми, проект менаџер, учесник на повеќе домашни и меѓународни конференции.

 

Проф. д-р Фредерик Куестир

Frederik-QuestierПроф. д-р Фредерик Куестир држи предавања за образовни технологии и е-учење на Катедрата за обука на предавачи и Катедрата за образовни науки при Универзитетот Врије во Брисел, како и информатика на колеџот Весалиус (Белгија). Негови главни полиња на интерес се (образовни) технологии, иновации и слободен софтвер. Тој е ко-автор на три книги и десетици статии за овие теми, а често добива покани за меѓународни работилници и конференции. Тој е ко-основач и директор за истражување и иновации во Chamilo, асоцијација која има за цел да развива најдобар слободен софтвер за е-учење и соработка. Придонесува како консултант за ИКТ во образовни проекти за универзитетите во земјите во развој, како што се Кенија, Уганда и Куба. До крајот на 2009 година беше раководител на стручен центар во својот универзитет, фокусирајќи се на обука на академскиот кадар, образовни иновации и употребата на ИКТ во образованието.
За повеќе информации, видете http://questier.com

 

Игор Неделковски

igor-nedelkovskiИгор Неделковски (www.igor-nedelkovski.info) е редовен професор на Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола. Докторирал во 1997 година на Техничкиот факултет во Битола со дисертација од областа на компјутерски поддржано инженерство. Област на научно истражување на проф. Неделковски е Компјутерска симулација и виртуелно инженерство. Автор е на околу 60 трудови објавени во списанија и зборници на трудови, воглавно меѓународни. Цитиран е во повеќе бази на податоци, како SCOPUS, ISI итн. Исто така, автор е на два универзитетски учебнци, повеќе прирачници и авторизирани предавања. Од мај 2012 избран е за Претседател на Македонското научно друштво – Битола (www.mnd-bitola.mk) најстарата научна асоцијација во Република Македонија основана во 1960 година. Исто така, проф. Неделковски е ко-основач и Претседател на Одборот на Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење: Гаус институт – Битола (www.gaussinstitute.org). Бил раководител на 16 и учесник во повеќе од 20 меѓународни истражувачки и развојни проекти финансирани од ЕУ (FP7, IPA, Interreg, CARDS, PHARE, Tempus програми), USAID, GTZ, SINTEF, SPARK итн. Член е на Управувачкиот комитет на EU COST акцијата HDRi - The digital capture, storage, transmission and display of real-world lighting.

 

Дарко Бркан

darko_brkan

Дарко Бркан основач и претседател на Zašto ne (Why Not), една од најистакнатите невладини организации во Босна и Херцеговина која го поттикнува граѓанскиот активизам, владината одговорност, како и употребата на дигиталните медиуми и новите технологии во продлабочувањето на демократијата. Г. Бркан е и основачки член на Dosta! (Enough!), најпознатото граѓанско движење за социјална правда и владина одговорност во Босна. Дипломирал на Факултетот за електрично инженерство во Сараево, отсек Информатичка технологија, а моментално е на магистерски студии по бизнис – администрација на Школата за економија и бизнис во Сараево, отсек Стратешко управување со информации. Главно се интересира за нови технологии, дигитални и социјални медиуми, избори и изборни процеси, политички динамики и идеологии, граѓанското учество и ангажман, меѓународните односи и мировните процеси, каде бил вклучен во повеќе проекти, иницијативи, обуки и други активности. Носител е на повеќе награди за иновации и нови технологии, како на пример Алумни наградата за иновација на САД (US Alumni Innovation Award) за 2011 година, а освоил прво место на Меѓурегионалната конференција за идејни иновациски идеи „Power of One“, одржана во Кипар, 2012 година.
Во моментов завршува неговата активност како „Реган – Фаскел“ стипендиран соработник за демократија (Reagan - Fascell Democracy Fellow) при Националниот институт за демократски грантови, каде истражувал како информатичката технологија, онлајн алатките и новите медиуми можат да се употребуваат за унапредување на демократијата. Г. Бркан е исто така член на Алумни на Академијата за политичка извонредност на Советот на Европа (Academy of Political Excellence of the Council of Europe) од 2008 година, член на Алумни на Институтот Флечер за Напредното проучување на ненасилниот конфликт (Fletcher Summer Institute for the Advanced Study of Nonviolent Conflict) од 2010 година, како и член на Алумни на Владата на САД по завршувањето на Програмата за меѓународна размена на лидери (International Visitors Leadership Program) во 2009 година.

 

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
@darko_brkan


 

Томислав Сокиќ

Tomislav-Sokic

Томислав Сокиќ е роден во Загреб на 7 септември 1987 година, каде исто така се стекнал со основно и средно образование. Г. Сокиќ е дипломиран транспортен инженер, завршил специјалистички студии за финансиски институции и пазари, а моментално е докторант на Економскиот факултет во Загреб. Се интересира и е експерт за финансиски институции и пазари, економски развој, анализа на мултиваријабилни и економетриски податоци, како и развојот на транспортната инфраструктура и нејзиното влијание врз економијата.
Томислав е еден од трите основачи и претседател на CERP (Центар за економски развој и трудова политика). Тој се стекнал со повеќестрано искуство преку неговата работа во повеќе различни компании и јавни служби, што го насочило да се посвети на економски прашања. Томислав соработувал со Hrvatske poste d.d., градежната компанија Krug inzinjering d.o.o., Царинската служба на Република Хрватска и работел како инспектор во Инспекторатот за внатрешни работи при полицијата во Загреб. Моментално работи во својата консултантска компанија Benchmark d.o.o., додека неговото претходно работно место било како обучувач на курсот од Европската банка за обнова и развој, Бизнис – консултантски услуги (EBRD BAS) „Жените во бизнисот“.

 

Алек Тарковски

tarkowski_zdjecie

Алек Тарковски е директор на Centrum Cyfrowe Project Polska, „think-and-do-tank“ институт чија главна задача е градењето на капацитети и методологии со цел употреба на дигиталната технологија за зголемување на граѓанскиот ангажман. Официјален координатор на Криејтив комонс – Полска. Член на Советот за информации, советодавно тело на Министерството за администрација и дигитални прашања на Полска, како и на Административниот совет на КОМУНИЈА, меѓународна асоцијација која го поддржува дигиталниот јавен домен. Од 2007-2011-та година, Тарковски е член на Одборот на стратешки советници на Премиерот на Полска, одговорен за прашања поврзани со развојот на дигиталното општество. Исто така, Тарковски е коавтор на извештајот „Полска 2030“.

 

Мојца Котар

Mojca-Kotar

Мојца Котар студирала на Универзитетот во Љубљана, каде исто така и докторирала на теза библиометрика (анализа на авторското коцитирање за развојот на полиамидни влакна). Откако работела во мала библиотека на Катедрата за текстил при Факултетот за природни науки, таа се вработила во новоформираната Канцеларија за библиотечни услуги, чија основна задача е координирањето на активностите на библиотеките при Универзитетот во Љубљана. Универзитетот е претставник на Словенија во проектот Инфраструктура за отворен пристап на истражувања во Европа (OpenAIRE project). Мојца Котар ги спроведува активностите на OpenAIRE Националната канцеларија за отворен пристап на Словенија, што ѝ овозможува постојано да биде во чекор со последните случувања околу отворениот пристап.

 

Владимир Трајковиќ

Vladimir-Trajkovik

Владимир Трајковиќ докторираше во 2003 година. Во моментот е доцент и продекан за наука на Факултетот за компјутерски науки и инженерство. Toj e oдговорен за неколку предмети на ниво на додипломски студии и за предметите „Мобилни и интернет сервиси“, „Колаборативни системи“ и „Иновациски технологии“ на ниво на постдипломски студии.
Остварил повеќе истражувачки престои во неколку европски универзитети како гостин научник во рамките на разни меѓународни проекти и проекти на ЕУ. Автор на повеќе од 80 статии во научни списанија и конференциски документи. Д-р Трајковиќ учествувал (како истражувач или раководител на проект) во 15 меѓународни проекти поддржани од Европската комисија во рамките на програмите ТЕМПУС, PHARE и FP. Ко-основач на неколку компании, меѓу кои и Seavus, Creation Pal (Sporty Pal) и DoxOut.

 

Олга Самарџиќ Јанкова

Olga-JankovaОлга Самарџиќ Јанкова дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје. Има дваесетгодишно искуство работејќи во македонскиот образовен систем како наставник, советник во Бирото за развој на образованието и специјалист за ИКТ во образованието во два образовни проекти финансирани од УСАИД. Во моментот е вработена во организацијата „Отворете ги прозорците“ која го имплементира проектот на УСАИД за е-Пристапно образование. Во образовните проекти учествувала во локализација на неколку различни образовни софтвер и обука на наставниците за нивно користење во наставата.

 

Драган Копривница

Dragan_Koprivica_fotka

Драган е роден во Никшиќ на 24 јули, 1978г. Завршил основно училиште и средно економско училиште во Никшиќ, а дипломирал на Економскиот факултет во Подгорица. Во моментов е на магистерски студии на одделот за економија на јавниот сектор.
Драган е еден од основачите на Центарот за демократска транзиција. Има учествувано во развивањето и организирањето на сите претходни проекти на CDT како регионален координатор, програмски координатор или заменик директор. Избран за извршен директор со одлука на управниот одбор на CDT на 24 декември, 2009 година.
Учесник и предавач на голем број обуки, семинари и конференции, на регионално и меѓународно ниво. Автор на бројни публикации, стручен во набљудување на изборите, парламентарeн развој, стажирање во државни институции, организирање, вмрежување, управување и човечки ресурси, демократија и добро владеење.
Говори англиски јазик.

e-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Димитровска Василка

Dimitrovska-VasilkaДимитровска Василка, магистер по археологија, истражувач и блогер од Република Македонија. Се занимава со археологијата и културното наследство професионално. Пишува и објавува научни и популарни статии за овие теми, учествува на јавни дебати и симпозиуми и дава стручни совети. Димитровска е ко-основач на Викимедија Македонија и извршен директор на Хаемус - Центар за научни истражувања и промоција на културата.

 

http://arheo.com.mk

Twitter: @Arheoblog

 

Билјана Косановиќ

Biljana-Kosanovic

Билјана Косановиќ работи во Народната библиотека на Србија од 1995 година. Таа работеше како национален координатор на KoBSON  и на проектот eIFL (Електронски информации за библиотеки) . Тековни одговорности: (1) управување со активностите за преземање и распространување на научните бази на податоци, (2) организација на следењето на употребата на научни информации во академското општество и (3) промовирање на електронскиот пристап до информации кај академската заедница. Исклучително активна во програмата за Отворен пристап и ги координира сите активности за проектот DoiSerbia.

 

Марина Василева

marina-vasilevaМарина Василева е родена и живее во Скопје. Магистриран регионален предавач во изминатите 10 години. Има објавено повеќе трудови во педагошки списанија. Рецензент на учебници, автор на неколку наградувани образовни проекти во земјата. Има добиено голем број сертификати и награди. Автор на проектот „Бабини игри“. Ја оживеа старата детската игра поврзувајќи ја со новите IT-трендови.
Овој проект беше единствениот проект од земјите во Централна и Источна Европа кој освои награда на Форумот Глобални партнери во учењето, организиран од Мајкрософт оваа година во Вашингтон. Овој проект го освои и второто место во престижната категорија „Избор на просветителот“.

http://www.facebook.com/GrandmasGames
Видео канал: http://www.youtube.com/user/vasilevamarina1

 

Марина цврсто верува дека образованието е основа на секое општество и затоа сака да изгради цврсти и високи вредности кај своите студенти за да успеат во нивното образование и нивните соништа да станат реалност во иднина.

 

Д-р Владимир Трајковски

Vladimir-Trajkovski

Д-р Владимир Трајковски е роден во Скопје во 1968 година. Главен и одговорен уредник на списанието Дефектолошка теорија и практика. Дипломирал на Медицинскиот факултет во 1994 година, а магистрирал во 1999г. Докторирал на Филозофскиот факултет во 2002 година. Тој е претседател на Македонското научно здружение за аутизам и организатор на првиот меѓународен студентски едукативен семинар за дефектологија во 1999 година. Го воведе предметот Аутизам во наставната програма на постдипломските студии на Филозофскиот факултет. Во неговите истражувачки интереси спаѓаат генетичките и физиолошки аспекти на аутизмот, но има објавувано публикации и во областа на човечката генетика и медицинската основа на инвалидноста. Поранешен уредник на списанието Дефектолошка теорија и практика. Активен член на Аутизам Европа, член на Европската асоцијација на служби за лицата со посебни потреби, член на Меѓународната асоцијација за научно проучување на интелектуалната попреченост. Консултантски уредник на Списанието за политика и пракса за интелектуална попреченост, помошен уредник на бугарското списание за попреченост при комуникација, помошен уредник на хрватскиот Преглед на истражувањата за рехабилитација.

 

Димитар Попоски

Dimitar-Poposki

Г. Димитар Попоски е роден во Прилеп, 1974-та година. Моментално е вработен како информатички менаџер/консултант за дигитализација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Македонија. Поседува суштинско искуство во библиотечно и јавно администрирање. Од 2004 до 2008 година, тој се фокусира главно на дигитализацијата и оптичкото препознавање на знаци (Оptical Character Recognition), што произлегува како резултат од стекнатата едногодишна стипендија на американскиот Стејт Департмент за библиотечни и информатички науки, спроведена во рамките на Универзитетот Рутџерс (Rutgers University). Од 2006-та година активно учествува и го презентира своето истражување на вкупно 34 Меѓународни конференции за библиотечни и информатички науки (во САД, ЕУ и земјите од ЈИЕ). Тој водел работилници, тренинзи, предавања и консултациски услуги околу напредното веб пребарување, оптичкото препознавање на знаци, дигитализацијата, историски архиви и архиви на дневни весници, преводи потпомогнати од страна на компјутерски алатки, отворениот пристап/отворените образовни ресурси, академско/научно издаваштво при Филолошкиот факултет  „Блаже Конески“, Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Скопје, Македонија), Катедрата за словенски јазици на Универзитетот „Карл Франценс“ (Karl Franzens) во Грац, Австрија, Македонската академија на науките и уметностите (Центар за ареална лингвистика), Меѓународните нуклеарни информатички системи при Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации, Академскиот комуникациски центар при Универзитетот Рутџерс (Њу Џерси, САД), компанија Микросам (Високо – технолошка индустрија за роботи). Земајќи учество во застапувањето на движењето за отворен пристап, тој организира и презентира неделни настани на тема Отворен пристап од 2010 година. Поддржува слободен проток на образовни/научни/владини податоци. Во 2008-та година запишува докторски студии по информатички науки на Универзитетот во Загреб на Катедрата за информатички и комуникациски науки при Факултетот за хуманистички и социјални науки. Неговите професионални интереси се насочени кон дигитализацијата на културното наследство, управување со информациите/знаењето, научните складишта, академското издаваштво и отворениот пристап/ отворените образовни ресурси.